Феникс го совлада Кожув, Чаир го декласираше Вардар

Кошаркарите на Феникс триумфално го заокружија гостувањето во Гевгелија кај Кожув, победувајќи на крајот убедливо со 95-76. И покрај тоа што првата четвртина беше во „егал“, во останатите три Феникс беше подобар и на крајот славеше.

Рис од Феникс со 25 поени беше најефикасен кошаркар на средбата.

Уште поубедлив триумф славеа кошаркарите на Чаир 2030 над Вардар. Чаирчани на крајот славеа со дури 42 поени разлика, или 60-102. Главната предност Чаир ја направи во втората и во четвртата четвртина кои ги доби убедливо.

Најефикасен кошаркар на средбата беше Какруки со 26 поени.

Гостивар беше подобар од Охрид и победи со 108-86.

Се вчитува...