Феникс подобар од ТФТ во „инфаркт“ завршница

Екипата на Феникс успеа да го совлада тимот на ТФТ како гостин во првата кошаркарска лига со 82-80, во меч во драматична завршница.

Во текот на целиот меч Феникс имаше убедлива предност, но пред самиот крај, ТФТ успеа да се доближи на само два поени, и да има последен напад дури и за победа, но најпрво промашија и шут за два, и шут за три, и така останаа со празни раце.

Иако најефиксен на средбата беше Луис со 24 поени од ТФТ, сепак, тие беа недоволни. Кај Феникс со 17 поени најдобар поединец беше Џонс.

Ова беше 12 победа за Феникс, додека ТФТ го запиша осмиот пораз. И двата тима влегуваат во плеј-офот.

Се вчитува...