Феникс се засили со Сергеј Петровиќ

Феникс продолжува да инвестира во развој на млади кошаркари откако скопскиот прволигаш и официјално потпиша договор со Сергеј Петровиќ.

Овој 16-годишен кошаркар е јуниорски репрезентативец на Македонија, настапува на бековските позиции и важи за еден од најголемите таленти во мак-баскетот во својата генерација.

Од Феникс не го кријат задоволството што успеаја да го доведат Петровиќ во своите редови, најавувајќи дека тој на 16-годишна возраст ќе настапува за младинските категории, тимот во Третата лига, воедно и ќе се бори за место во сениорскиот тим.

Се вчитува...