Феноменален тенис: Надал во пет сета го победи Тием за полуфинале на УС Опен

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на УС Опен откако во извонреден меч славеше против Австриецот Доминик Тием во пет сета, со 0-6,6-4,7-5,6-7,7-6.

Тием одлично го почна мечот добивајќи го првиот сет со 6-0, но потоа Рафа се врати за водство од 2-1 во сетови. Откако Австриецот израмни на 2-2 во четвртиот сет, израмнета игра имаше и во последниот одлучувачки сет кој Надал го доби по тешка борба во тај-брекот.

Шпанецот во полуфиналето ќе игра со Хуан Мартин Дел Потро.

Се вчитува...