Феноменална партија на Аврамовски: Два гола и асистенција за победа на Болуспор

Даниел Аврамовски e најзаслужниот за повеќе од значајна победа на Болуспор во Втората лига на Турција.

Болуспор со пресврт во второто полувреме триумфираше над Алтај со 3-1, а сето тоа благодарение на македонскиот интернационалец кој беше стрелец на два гола, а асистираше за третиот погодок на својот тим.

Аврамовски погоди во 55. и во 94. минута од средбата, а му асистираше на Уларе за вториот погодок на Болуспор.

Аврамовски досега има седум гола и две асистенции сезонава во втората турска лига. Болуспор со 50 бода е на 7. место на табелата кое води во разигрувањето за Првата лига на Турција.

Се вчитува...