Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов запиша феноменална партија во победата на Шалке 04 од 2-0 против Падерборн во 23. коло од втората Бундеслига.
Чурлинов, кој беше стартер за домаќините, беше најдобриот поединец во редовите на Шалке крунисувајќи ја одличната партија и со мајсторски гол во 74. минута за конечни 2-0.
Претходно Македонецот можеше и порано да се запише во листата на стрелците, но дирекот го спречи да дојде до гол во 65. минута. Чурлинов настапува до 78. минута на средбата кога поради мала повреда мораше да ја напушти играта.
Шалке 04 со овој триумф се проби на само бод од лидерот на табелата Сент Паули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА