Феноменалната Лејно ја „спушти ролетната“ (видео)

Амандин Лејно бранеше фантастично во текот на целото полуфинале, па Французинката со бројните интервенции е најзаслужна што Вардар втора година по ред ќе игра во финалето од Лигата на шампионите.

Со одбранетите зицери таа ги доведуваше до лудило ракометарките на Ростов, кои уште во првото полувреме ја загубија сигурноста при шутот, што ги одведе до пораз.

А Лејно, по освоената светска круна со Франција, сега е на само еден чекор до освојување на титула и во европскиот клупски ракомет.

Се вчитува...