Феноменалната реакција на Фабињо на самата гол-линија со која го спаси Ливерпул… (ВИДЕО)

Ливерпул на стартот од Лигата на шампионите славеше на гостувањето против Ајакс со 0-1. За натпреварот во Амстердам, менаџерот Јирген Клоп во името на Фабињо, кој стандардно игра како последен играч за врска, пронајде решение за стоперската позиција по повредата на Ван Дајк на мечот со Евертон.

А, дека тоа беше добар избор на Клоп потврди самиот Фабињо уште во првиот дел кога од гол-линијата изби топка која веќе го совлада голманот Адријано. По лобот од противничкиот фудбалер, Фабињо одлично спречи топката да отседне во мрежата…

 

Се вчитува...