ФЕНОМЕНАЛНИОТ БАРДИ – Супер гол од слободен удар!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди веќе во својот втор натпревар во Примера стигна до деби погодокот во дресот на Леванте. И тоа на најдобар можен начин, со феноменален гол од слободен удар на дуелот против Ла Коруња!

Барди во 35. минута директно од слободен удар од дистанца од 26 метри постигна извонреден гол прецизно стрелајќи под гредата од голот на Ла Коруња за намалување на предноста на гостите во овие моменти на 1-2… Мајсторија која мора да се погледне!

Ова е четврти гол на Барди од четири обиди досега откако пристигна во Леванте!

Се вчитува...