Феноменалниот Џоел Ембид за нова победа на Филаделфија, Кливленд реди порази… (ВИДЕО)

Денвер славеше на гостувањето против Кливленд со 110-91, доаѓајќи на тој начин до седмата победа во осум натпревари од новата НБА сезона.

Најдобар меч одигра Хуанчо Ернангомес со 23 поени, а го следеа Милсап со 16 поени и шест скока, Херис со 14 поени и Лајлс со 12 постигнати поени. Кај Кливленд најефикасен беше Џордан Кларксон со 17 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне и седмиот пораз од осум натпревари досега.

ЛА Клиперс загуби од Филаделфија со 122-113. Најефикасен во редовите на Клиперси беше Вилијамс со 26 поени, а го следеа Галинари со 25 поени и Херис со 24 постигнати поени. Српскиот центар Бобан Марјановиќ имаше ефект од 15 поени и 11 скока за 22 минути игра.

Филаделфија до победата ја предводеше Џоел Ембид со 41 поен, 13 скока и четири блокади.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...