Феноменалниот Милосављев му откина бодови на големиот Кил

Поранешниот голман на Вардар и миленик на скопската публика, Дејан Милосављев беше главниот виновник што фаворизираниот Кил одигра само реми на гостувањето кај Фуксе Берлин (28-28) во 6. коло од германската Бундеслига.

Милосављев беше вистинска енигма за ракометарите на Кил забележувајќи дури 17 одбрани од кои една беше и клучната за бод во последниот напад на „зебрите“.

 

 

Се вчитува...