Кошаркарите на Барселона ја добија големата „Ел Класико“-пресметка во Евролигата триумфирајќи против Реал Мадрид со 93-80.
Во дербито на 14. коло од Евролигата меѓу двете водечки екипи, на крајот поуспешни беа Каталонците кои доминираа од почетокот на дуелот, па предноста стекната во првото полувреме ја одржуваа до самиот крај на мечот.
Извонреден во победничкиот тим беше Никола Миротиќ кој мечот го заврши со 31 поен и 10 скока. По 16 поени постигнаа Лапровитола и Брендон Дејвис.
Барселона сега е осамена на врвот од Евролигата со 12 победи и два порази, а Реал Мадрид го запиша и третиот пораз сезонава.
Во останатите денешни натпревари, ЦСКА Москва славеше убедливо со 51-73 на гостувањето против Жалгирис, Милано со 65-71 победи на гостувањето против Монако а Панатинаикос победи со 82-67 против Алба Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА