Мохамед Салах приреди шоу во големото дерби на турскиот фудбал и практично сам го демолираше Галатасарај во победата од 4-0 на Трабзонспор.
Египќанецот постигна хет-трик и регистрираше асистенција во убедливата победа на Трабзонспор, нанесувајќи му го еден од најтешките порази во новата сезона на актуелниот шампион.
Египќанецот покажа што ги чека гостите уште во четвртата минута. Ја водеше топката 50 метри до голот за водство од 1-0.
MO SALAH OUVRE LE SCORE 👑🇪🇬
4’| Trabzon 1 – 0 Galatasaray pic.twitter.com/lw4cCWCk8E
— Süper Lig 🇹🇷 (@ActuTSL) September 19, 2026
Во 39. минута се најде во улога на асистент, кога му сервираше на Ноа Савиола за 2-0. Само пет минути подоцна, повторно беше стрелец, па Трабзонспор отиде на полувреме со огромни 3-0.
Trabzon bu mac 5 atarsa şaşırmam her geldikleri atak tehlikeli pic.twitter.com/aBd6onoPx9 https://t.co/uCzVXPuY6M
— Beyefendi (@beyefendi_X1) September 19, 2026
Дури и во продолжението, немаше враќање на актуелниот шампион. Десет минути пред крајот, Салах повторно ја погоди мрежата, комплетирајќи хет-трик и ставајќи крај на една од неговите најдобри игри откако пристигна во Турција.
Со трите нови гола, тој стигна до бројката од седум гола во првенството и го зазеде првото место на листата на стрелци на турската Суперлига.
Галатасарај, од друга страна, претрпе тежок удар во битката за врвот на табелата. Актуелниот шампион сега има само еден бод повеќе од Бешикташ, но и натпревар повеќе, додека Коџаелиспор е еден бод зад него, а Алањаспор два.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
