Феноменалниот Томпсон го реши Денвер, Новицки го стигна Стоктон

Клеј Томпсон поради болка во коленото ги пропушти претходните две средби на Голден Стејт, но одличниот шутер се врати во тимот за синоќешниот меч со Денвер, носејќи им ја победата на актуелните шампиони. „Воините“ се вратија по катастрофалниот пораз од Бостон и славеа над Денвер со 122-105. Томпсон беше во главна улога постигнувајќи 39 поени, притоа погодувајќи девет тројки од 11 обиди. Дурант постигна 26 поени, додека Бисли имаше 17 поени за Денвер, кој го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари.

„Ракетите“ од Хјустон ја добија пресметката со Филаделфија со убедливи 107-91. Пресудна беше првата четвртина во која Хјустон поведе со 37-21, по што „ракетите“ го исконтролираа резултатот до самиот крај. Харден повторно беше прв стрелец со 31 поен и 10 асистенции, а Харис беше најефикасен кај поразениот тим со 22 поени.

Далас ја продолжи губитничката серија и на гостувањето против Орландо (111-106). Дирк Новицки постигна 15 поени, па сега му недостигаат само уште 40 поени за да го стигне Вилт Чембрлен на петтото место на листата најдобри стрелци во историјата на НБА. Воедно, денешниот натпревар беше 1504. во НБА-кариерата на Новицки, со што тој се израмни во Џон Стоктон на третото место на играчи со најмногу одиграни средби во најсилната кошаркарска лига во светот.

 

 

Резултати НБА:

Шарлот – Вашингтон 112-111, Орландо – Далас 111-106, Чикаго – Детроит 104-112, Хјустон – Филаделфија 107-91, Мемфис – Јута 114-104, Мајами – Кливленд 126-110, Њу Орлеанс – Торонто 104-127, Голден Стејт – Денвер 122-105, ЛА Клиперс – Оклахома 118-110.

Се вчитува...