Феноменот Ибра шутира топка: Лавовите не заздравуваат како луѓето (видео)

Хирурзите кои го оперираа Златан Ибрахимовиќ во САД веднаш го прогласија голгетерот за медицински феномен, прогнозирајќи пократка рехабилитација од вообичаените шест до девет месеци при кинење на вкрстените лигаменти.

Ибракадабра продолжува да изненадува откако денеска на своите профили на социјалните мрежи објави видео како почнал со лесни тренинзи со топка. Иако станува збор за лесна активност, лекарите порачуваат дека ова е уште еден доказ за подготвеноста на шведскиот ас, кој сигурно многу порано од прогнозите ќе го видиме повторно на теренот.

А Златан не би бил Златан ако овој момент не го прокоментира на свој начин. „Осетот за фудбал никогаш нема да исчезне. Лавовите не заздравуваат како луѓето“ – порача во свој препознатлив стил Ибракадабра.

Швеѓанецот е без ангажман по истекот на договорот со Манчестер јунајтед, но јасно е дека без поголеми проблеми ќе потпише договор со еден од бројните заинтересирани клубови за неговите услуги.

Zlatan touche le ballon by pointdakar

Се вчитува...