„Феноменот“ Роналдо купува шпански прволигаш

Роналдо како играч ги бранеше боите на Барселона и на Реал Мадрид, а неговата големина се гледа во тоа шт тој до ден денеска остана миленик на навивачите и на двата шпански гиганти. Последните информации поврзани со бразилскиот „феномен“ говорат дека тој е подготвен за камбек во шпанскиот фудбал, овојпат како сопственик на клуб од „Примера диивизион“.

Како што јави „Кадена Сер“, Роналдо ги финишира преговорите за да стане прв човек на Валјадолид, откако изрази подготвеност да плати 30 милиони евра за ова свое задоволство. Валјадолид моментно има долгови од 25 милиони евра, поради што сегашниот сопственик Карлос Суарез бара инвеститор што би му помогнал на клубот. Роналдо проценил дека тоа не е преголема сума за фудбалска инвестиција и верува дека штом го застана клубот на нозе Валјадолид би можел да бележи добри резултати, но и да работи профитабилно.

Преговорите за купопродажба се наоѓаат во завршна фаза, Роналдо по преземањето би станал претседател, додека Суарез би останал во клубот како извршен директор.

Се вчитува...