Фер-плеј наградата за Лидс Јунајтед (ВИДЕО)

Англискиот тим Лидс Јунајтед, чиј член е Езгјан Алиоски, ја доби наградата за фер-плеј во изборот на ФИФА на гала свеченоста во Милано. Некогашниот англиски првак постигна гол на „нечесен начин“, додека имаше повреден противнички играч на теренот, а потоа менаџерот Марсело Биелса им „нареди“ на фудбалерите да и дозволат на Астон Вила исто така да постигне непречено погодок. Алиоски поради повреда овој меч го следеше од трибините.

Се вчитува...