Фер-плеј потег на деценијата во Ф1: Расел го запре болидот и отиде да му помогне на Жу (видео)

Трката за ГН на Велика Британија почна со сериозен инцидент откако при првиот свиок дојде до судир меѓу Расел, Албон и Жу, при што болидот на Жу се преврте и одлета кон заштитната ограда.

Расел го демонстрираше своето чувство за фер-плеј со неверојатен потег, оставајќи го болидот на патеката и истрчувајќи за да му помогне на Жу.

Тимот на Алфа Ромео објави дека Жу не се наоѓа во животна опасност и врз овој возач моментно се вршат детални лекарски прегледи, но најцрното сценарио дефинитивно беше избегнато.

Се вчитува...