Ферари ќе им даде еднакви шанси на Леклер и Сајнц

Шефот на Формула 1 тимот на Ферари, Матео Биното вели дека во 2022 година неговите двајца возачи Шарл Леклер и Карлос Сајнц ќе добијат подеднакви шанси.

Ферари сезонава имаше двајца израмнети возачи, а на крајот победата во меѓусебниот дуел му припадна на Карлос Сајнц.

„Што се однесува до возачите тие ќе добијат подеднаква шанса. Се разбира во зависност од тоа како ќе се движи сезоната така и ќе ги правиме тактиките“, изјави Биното. 

 

Се вчитува...