Фердинанд: Кој му кажа на Мегваер дека може да се гушка со противникот?

Дербито на Мачестер заврши без постигнати голови, а покрај лошиот фудбал многумина ги разочара и однесувањето на играчите по завршувањето на дуелот, а еден од нив беше и Рио Фердинанд.

„Новите генерации се различни и не можеме да очекуваме да бидат како нас. Ние не се гушкавме со ниеден играч на Сити или Ливерпул бидејќи имаше лудо ривалство. Не ги сакавме нив, а не ни сакавме да бидеме на стадионот подолго отколку што треба“ – изјави Фердинанд.

Легендата на Јунајтед притоа се присети на своето прво градско дерби и откри интересен детал од соблекувалната кога тренер на тимот беше Сер Алекс Фергусон.

„Во моето прво градско дерби играме на стариот стадион на Сити, „Меин Роуд“. Изгубивме со 3-1, а при влезот на соблекувалната веднаш ја осетив атмосферата. Седнав, а потоа Руд Ван Нистерлрој влезе со дрес на Сити. Сер Алекс Фергусон полуде скроз. Не се зацрвени, стана виолетов. Апсолутно „пукна“ и почна да урла никогаш повеќе да не влеземе во соблекувална со туѓ дрес. Од тој момент знаев дека на натпреварите помеѓу Јунајтед и Сити не треба да се гушкаат противничките играчи и да се менуваат дресови. Зар никој тоа не му го кажал на Мегваер? Можеби се пријатели, тоа е во ред, но има ли некој кој ќе му каже – слушај, ние тоа не го правиме тука. Која е таа личност која му дозволува?“ – додаде поранешниот репрезентативец на Англија.

Се вчитува...