Фердинанд: Мислев дека ги живеам последните секунди од животот

Славниот англиски стопер подобро познат по настапите за Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд беше хоспитализиран во Англија по што самиот даде сведоштво за немилото искуство со кое се соочил.

Фердинанд објасни дека се започнало со главоболка поради која не можел да ги отвори очите, а не пак да стане од креветот. И покрај тоа што мислел дека е нешто наивно, зборовите на медицинските лица од брзата помош брзо го доведе со ситуација на паника.

„Немам мигрени или нешто слично па не знам како е тоа. Мислев дека очите ќе ми испаднат. Почнав да повраќам како топ. Се вратив во кревет, имав вртоглавица и се држев за чаршафот“, откри Фердинанд кој говореше и за зборовите на докторите кои му рекле дека му е потребна брза помош и скенидрање на мозокот.

„Тогаш сфатив дека е сериозно. Кога го споменаа тоа паниката ме обзема. Навистина мислев дека е готово. Дека послдните секунди од животот ми се одбројани, навистина“.

Се вчитува...