Фердинанд откри каква порака добил од Роналдо веднаш по синоќешниот меч: Е тоа е таа самодоверба…

Рио Фердинанд откри синоќа дека добил СМС-порака од Кристијано Роналдо веднаш по завршувањето на мечот, во кој Португалецот постигна гол во последните секунди за победа на Манчестер јунајтед од 2-1 против Вилјареал.

Роналдо му порачал на Фердинанд дека ете едноставно знаел дека на крај тој ќе биде херојот на тимот.

„Роналдо ми испрати порака вечерва и ќе ви ја кажам на сите: Не играв добро, но знаев дека ќе постигнам гол!“ – соопшти Фердинанд во студиото на „Би-би-си“, притоа дополнувајќи:

„Ете тоа е таа разлика, тоа е таа самодоверба која тој ја има а која некои ја немаат. Јунајтед воопшто не беше добар на мечот и Солскјер сигурно нема да биде задоволен, но кога требаше гол тука е Роналдо кој секогаш успева да го запали стадионот“.

Се вчитува...