Фердинанд: Ова е непочит кон Меси, некој требало да го спречи Покетино!

ПСЖ синоќа славеше во дербито против Манчестер сити со 2-0 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а Лионел Меси го постигна својот деби гол во дресот на парижаните, но во завршницата на мечот беше забележан во необично издание.

Меси мораше да легне зад живиот ѕид за да ги спречи ривалите да го изненадат голманот на ПСЖ, а тоа предизвика реакција од легендарниот дефанзивец Рио Фердинанд, кој смета дека тоа било непочит кон Аргентинецот.

„Требало некој да го спречи Маурицио Покетино да го прави тоа на тренинг. Не смееше ова да му се случи на Меси затоа што е непочит кон Аргентинецот. Доколку јас бев во тимот, ќе му кажев дека ќе легнам наместо него зад живиот ѕид“, вели Фердинанд.

Се вчитува...