Ференцварош со гол во последните секунди до финале во ЛШ

Ракометарките на Ференцварош, се пласираа во финалето во Лигата на шампионите за жени, совладувајќи го составот на Есбјерг во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта. Ракометарките на унгарскиот тим влегоа во финалниот меч благодарение на големиот пресврт во вториот дел, откако по првиот имаа негатива од четири поени разлика.

Есбјерг во финишот од првиот дел стигна до позитива од 4 поени, а на почетокот од вториот дел имаше и пет разлика. Сепак, таа почна да се топи со извонредна серија на Унгарките кои дојдоа до „егал“ неколку пати, но во финишот целосно го „разбија“ противникот и дојдоа до позитива од два разлика, која брзо беше „стопена“. Но „зелено-белите“ во последната секунда погодија за конечен триумф.

Малестеин до седум гола беше најефикасна кај победничкиот тим, додека кај поразените Морк и Реистад постигнаа исто така по седум.

Во финалето Ференцварош ќе игра против Кристијанштад кој во претходното полуфинале го совлада составот на Ѓер со 37-35.

Се вчитува...