Ферер се повреди, Надал експресно во второто коло од УС Опен

Рафаел Надал експресно се пласираше во второто коло од УС Опен откако неговиот ривал, сонародникот Давид Ферер, поради повреда на левата нога беше принуден да го предаде мечот. Надал го доби првиот сет со 6-3, во вториот Ферер имаше водство од 3-4, но 36-годишниот ветеран не можеше да продолжи и го предаде дуелот.

Првиот носител во второто коло ќе се сретне со Поспишил од Канада, кој го доби дуелот со Словакот Лацко со 3-0 во сетови. Пласман во следната рунда обезбедија и Енди Мареј, Дел Потро, Кевин Андерсон, Тим…

Серена Вилијамс импресивно го стартуваше настапот на овој гранслем турнир, совладувајќи ја Линете со 6-4, 6-0. Американката не би требала да има никакви проблеми ниту во второто коло, во кое ќе се сретне со Германката Витефт, моментно 101. на ВТА-листата.

Се вчитува...