Фергусон секогаш знаел најдобро, Погба и Раиола се проблематични

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон сметал дека клубот требало засекогаш да расчисти со Пол Погба уште кога тој го напушти „Олд Трафорд„ за да оди во Јувентус.

„ Како што покажуваат нашите сознанија, Погба потпишал за Јувентус уште многу одамна“ – изјави Фергусон кога Французинот на 19-годишна возраст отиде за Торино, а веќе имаше можнст да биде во првиот тим на Јунајтед.

„Разочарувачки е што тој кон нас покажа само напочитување. Да бидам искрен според тоа како се однесува, јас сум среќен што е подалку од мене“– изјави во друга прилика менаџерот кој го предовдеше Јунајтед до 13 премиелигашки титули.

Во неговата автобиографија пак издадена во 2015 година, Фергусон напиша:

„Има еден или двајца агенти во фудбалот пшто навистинина не ги сакам. И Мино Раиола, агентот на Пол Погба е еден од нив“.

Позицијата на Погба во Манчестер Јунајтед е крајно неизвесна особено откако пред два дена излезе видеото во кое јасно се гледа нетрплеивоста меќу него и менаџерот Жозе Мурињо.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...