Тимот на Хелсингор, каде што настапува поранешниот македонски репрезентативец Ферхан Хасани, одигра 2-2 на гостувањето кај Нествед.
Хасани беше стартер на овој меч, но го напушти теренот во 54. минута. Седејќи на клупата, во 84. минута Хасани доби црвен картон поради реакција кон судиите на овој меч.
Екс играчот на Шкендија сега ќе паузира најмалку еден меч поради овој црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА