Фернандо Љоренте, ново засилување за Наполи

Шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте е нов соиграч на Елиф Елмас во Наполи. Тој како слободен агент потпиша двегодишен договор со „наполитанците“ откако летово го напушти Тотенхем.

Тренерот Карло Анчелоти инсистираше раководството да доведе уште еден напаѓач во тимот, а откако не успеа да се договори со Мауро Икарди од Интер, решението е пронајдено во искусниот Љоренте. Тој во минатото го носеше дресот на Јувентус во Серија А и во Наполи ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

Се вчитува...