Фернандо Торес го продолжи договорот со Атлетико Мадрид

Фернандо Торес останува во Атлетико Мадрид најмалку до 2018 година. Тој го продолжи договорот со „јорганџиите“ за уште една сезона, откако ги одби понудите што пристигнаа на негова адреса од Мексико и од Кина.

„Среќен сум што ќе можам да му помогнам на Атлетико Мадрид и следната сезона“, изјави Фернандо Торес.

Ова е мошне значајно за шпанскиот клуб, со оглед дека Атлетико Мадрид има забрана за реализација на трансфери во овој летен преоден рок.

 

Се вчитува...