Фернандо Торес по стапките на Иниеста

Јапонија се повеќе станува „ветена земја“ за шпанските ветерани откако по Андрес Иниеста уште еден голем ас реши својата кариера да ја продолжи токму во оваа далечна држава. Станува збор за Фернандо Торес, кој беше слободен играч по истекот на договорот со Атлетико Мадрид, а по долго размислување за свој нов клуб го избра јапонскиот Саган Тосу.

„Тоа е еден од првите клубови што ме контактираше, покажа сериозен интерес и ме убеди со својот спортски проект. Верувам дека Јапонија ќе биде интересно искуство за мене, напредокот на оваа лига е се поголем и очекувам бројни интересни натпревари. Ќе го имам и Андрес Иниеста во близина, тоа ќе биде добро и за двајцата, заедничка цел ни е да ја кренем популарноста на фудбалот во Јапонија“ – изјави Торес по потпишувањето на договорот.

Се вчитува...