Фернандо Торес се сели во Јапонија

Досегашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, заминува во Јапонија и ќе биде нов член на Саган Тосу. 34-годишниот голгетер по вторпат го напушти клубот од своето детство по завршувањето на сезоната и се наоѓа пред нов предизвик. Имаше најави за негово можно враќање и во Премиер – лигата, но тој се одлучи Јапонија да биде неговата следна дестинација, а со Саган Тосу ќе потпише договор до 2020 година.

Фернандо Торес во редовите на Атлетико Мадрид одигра вкупно 347 натпревари за девет сезони и постигна 120 гола. За репрезентацијата на Шпанија во кариерата одигра 110 мечеви и постигна 38 погодоци.

Се вчитува...