Поранешниот италијански селектор, Антонио Конте, би можел да седне на клупата на Фенербахче.
Телевизијата Беин Спортс објави вест која ги фрли во транс навивачите на Фенербахче, по хаосот кој се случи со оставката на тренерот Исмаил Картал, денешното назначување на Дирк Кајт за негов наследник е од привремен карактер и дека целта на челниците на тимот е токму Конте.
Според телевизијата, управата на Фенербахче предводена од претседателот Азиз Јилдирим, планира да ја искористи паузата поради репрезентативни активности за да седне на преговори со поранешниот тренер на Јувентус, Челси, Интер, Наполи и италијанската репрезентација, Антонио Конте.
🚨Fenerbahçe, teknik direktörlük görevi için yabancı isimlere gidecek. Listenin başında Antonio Conte var.
(beIN Sports) pic.twitter.com/hr1uhW1isE
— Fener Markaj (@fenermarkajorg) September 11, 2026
Хаосот со тренерската позиција настана по вчерашното реми на Фенербахче против Рома (1:1) на стартот од Лигата на шампионите.
На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот Исмаил Картал соопшти дека си повикува неотповиклива оставка со порака дека повеќе не планира да стапне на стадионот на Фенербахче.
Но, нешто пред полноќ, прес-конференција организираше првиот човек на тимот, Јилдирим кој не ја прифати оставката. Тој откри дека одлуката за оставка на Картал била бидејќи за време на натпреварот бил погоден со шише од страна на навивач на Фенербахче.
Сапуницата продолжи и денеска бидејќи Картал си остана на зборот и не се појави на утринскиот тренинг, по што управата го назначи неговиот помошник Дирк Кајт за привремен тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
