Ферстапен до пол-позицијата во Белгија

Макс Ферстапен ќе има можност да го стигне Луис Хамилтон во генералниот пласман од Формула 1 шампионатот откако холандскиот возач стигна до пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за ГН на Белгија.

Квалификациите подолго време беа во прекин поради страшниот судир на Норис, но вистинските возбудувања почнаа кога болидите се вратија на патеката. Хамилтон го делеа секунди од нова пол-позиција, но Ферстапен го извозе фантастично последниот круг, оствари најдобро време и од првото место ќе ја почне утрешната трка.

Најпријатно изненадување во квалификациите беше Џорџ Расел, кој со болидот на Вилијамс успеа да стигне до втората позиција, со подобро време од светскиот првак Хамилтон.

Луис Хамилтон утре ќе стартува од третото место, а зад него ќе следат Рикиардо, Фетел, Гасли, Перез, Ботас, Окон и Норис.

Се вчитува...