Ферстапен го продава омилениот автомобил за 33.333 евра

Макс Ферстапен ужива во првите денови како нов шампион на Формула 1, а холандскиот ас во меѓувреме реши да почне и хуманитарна акција. Имено, Ферстапен ќе го продаде својот автомобил марка Хонда, а собраните средства ќе ги донира во хуманитарни цели.

Тој ја презентираше идејата со видео од себе како го вози автомобилот, потоа прикажувајќи и дел од ентериерот на возилото.

Штотуку го имав последното возење, да се уверам дека се е во ред. Автомобилот е фантастичен“, порача Макс, со што и официјално ја стави во продажба својата Хонда.

Почетната цена на лицитацијата изнесува 33.333 евра, а заедно со автомобилот купецот ќе добие и автограми од шампионот на Формула 1, кој се потпиша и на внатрешниот и на надворешниот дел од возилото.

Се вчитува...