Ферстапен: Кој што сака нека зборува… ја заслужив титулата

Макс Ферстапен претходната сезона стигна до првата титула во Формула 1 шампионатот на фантистичен начин, претекнувајќи го Луис Хамилтон во последниот круг на последната трка во сезоната.

Холанѓенецот по целата драма беше цел на напад на британските медиуми, а сега во интервју за Гардијан го даде својот поглед за неверојатниот финиш, притоа велејќи дека ништо не може да му ја одземе титулата која ја освоил чесно.

„Што ми беше на памет? Помислив само дека морам да го претекнам. Тоа беше единствената опција, не сакав да бидам втор. Се беше добро дури не ја поминав целната рамнина и осетив грч во нозете. Тоа се случува кога постојано ја имате ногата на педалата, а во тој случај многу ми помогна адреналинот бидејќи немаше да можам да се движам. Кога го претекнав во петтата кривина на три секунди ја тргнав ногата од педалата“, вели возачот на Ред Бул кој потоа додаде:

„Имав добра сезона и ја заслужив титулата, а притоа тоа немав среќа во некои ситуации. Луѓето секогаш ќе ја паметат последната трка, но доколку ја погледнете целата сезона шампионатот можеше да биде одлучен многу порано“

Се вчитува...