Ферстапен: На Формула 1 не и требаат промени, и треба конкурентност

Форума 1 ја врати дражта откако претходната сезона Макс Ферстапен застана на патот на Луис Хамилтон кон историската осма титула во најбрзото натпреварување на светот. А, за работите да бидат уште поинтересни, освојувачот на истата беше одлучен во последниот круг од последната трка на сезоната.

Сепак истото не можеше да помине без контроверзии па за „пропусти“ од финишот на сезоната, во претсезоната беше променет директорот на трките Мајкл Маси. Сепак возачот на Ред Бул вели дека на Ф1 не и требаат промени во правилата, туку поголема конкурентност во битката за пиедесталот.

„На овој спорт не му требаат промени, тој не треба да се опоравува. Драматичните моменти се дел од него и мислам дека светот на Ф1 е доволно силен за тоа. Мислам и дека на Луис не му требаше толку време да преболување на финишот бидејќи има седум титули. Потребна ни е конкурентност, потребно ни е повеќе тимови да се борат за победа. Полека доаѓаме до тоа и се надевам дека новите правила ќе им донесат самодоверба на возачите и дека секој тим ќе биде подготвен за борба. На крајот на денот, тоа е тоа што сите го сакаме“, вели актуелниот шампион на Ф1.

Се вчитува...