Ферстапен: Не беше лесно, но ги исполнив очекувањата

Макс Фестапен повторно е на првата позиција на табелата во шампионатот во Ф1 откако на Големата награда на Холандија славеше пред дуото на Мерведес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Холанѓанецот пред домашната публика извозе одлична трка во која во ниеден момент не ја загрози победата.

По трката младиот возач не го криеше задоволството од новите 25 бода кои за него се седми оваа сезона.

„Неверојатно е. Очекувањата пред овој викенд беа големи, а никогаш не е лесно да остварите такво нешто. Среќен сум што победив тука и што го превземав водечкото место во шампионатот. Ова е неверојатен ден. Почетокот на трката беше многу битен дел, но направивме се како што треба. Секако, Мерцедес проба да ни ја отежни работата, но ние бевме добри во текот на целата трка. Можеме да бидеме задоволни од учинокот на целата екипа“, изјави возачот на Ред Бул.

Се вчитува...