Ферстапен: Никогаш нема да отидам на вечера со Хамилтон

Макс Ферстапен и Луис Хамилтон водат голема борба за титулата во Формула 1 шампионатот. На пет трки до крајот, Холанѓанецот има 12 бодови предност во однос на Британецот.

Возачот на Ред Бул говореше за својот однос со Луис Хамилтон, откако годинава неколку пати и тоа како беше нарушен не само на патеката, туку и надвор од неа.

„Двајцата сме вистински натпреварувачи. Факт е дека никогаш нема да отидам на вечера со Луис, но тоа е во ред. На патеката секогаш сакаме да победиме, но надвор од неа мислам дека има меѓусебно почитување“, изјави Ферстапен. 

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози во Мексико сити на 7. ноември.

Се вчитува...