Ферстапен: Очигледно дека за мене важат некои други правила, ќе дадам се од себе да стигнам до победа

Макс Ферстапен има можност да стиви крај на доминациајта на Мерцедес откако на трка до крајот на сезоната 2021 е изедначен со Луис Хамилтон на врвот на табелата со 369.5 освоени бодови. Во полза на Холанѓанецот е и тоа што има повеќе освоени трки од Британецот па доколку двајцата не освојат ниту бод титулата ќе му припадне на возачот на Ред Бул.

Затоа во јавноста се јавија шпекулации за можен судар кои младиот Ферстапен експресно ги отфрли.

„Како возач не размислувате за тие работи. Само сакате да го дадете својот максимум и нормално да пробате да ја добиете трката. Медиумите говорат за тоа, а јас немам коментар. Дојдов тука да дадам се од себе и ќе бидам максимално подготвен“, изјави Ферстапен.

Притоа возачот на Ред Бул се осврна и кон ГН на Саудиска Арабија каде сомнителни одлуки му одземаа драгоцено време на стазата.

„Очигледно за мене важат некои други правила отколку за други возачи. Некои работи мене не ми се дозволени, а на други им се. Но, ќе направам се што е до мене да победам во оваа трка. Сигурен сум дека ќе приредиме шоу“, вели Холанѓанецот кој потоа говореше и за болидот на Хамилтон

„Тешко е да го споредам болидот на Хамилтон бидејќи никогаш не сум седел во него. Очигледно дека во последните неколку трки беа искучително брзи и тешко беше да ги победиме. Но, ова е друга стаза, а јас ќе се обидам да ги извлечам максимумот од себе си и болидот“

Се вчитува...