Се е подготвено за стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот закажан за претстојниот викенд, а актуелниот шампион Макс Ферстапен очекувано останува на врвот на листата на најплатени возачи во овој спорт.
Асот на Ред Бул според актуелниот договор има загарантирани 65 миилиони долари за 2025 година, плус бонуси во зависност од неговите резултати во сезоната што следи. На второто место во ова рангирање се наоѓа Луис Хамилтон, кој со преселбата во Ферари си обезбеди 60 милиони долари за оваа 2025 година. Далеку зад Хамилтон е неговиот тимски колега Шарл Леклер, кој од Ферари ќе добие 34 милиони долари за оваа сезона, а зад него следат Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Оскар Пијастре со заработувачка од 20 милиони долари.
На дното на листата најплатени вообичаено се дебитантите, па така Џек Духан и Ајсак Хајар ќе добијат по скромни 500.000 долари во својата прва сезона во Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА