Ферстапен победник на првата спринт трка во историјата на Формула 1

Холанѓанецот во болидот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на првата спринт трка во историјата на Формула 1 шампионатот која денеска се возеше во Силверстоун. Иако стартуваше од втората позиција со одличниот старт успеа да го мине главниот ривал Луис Хамилтон на Мерцедес и до крајот да ја задржи првата позиција.

Третото место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Победникот на оваа трка утре ќе стартува од првиот ред, а доби и 3 поени во генералниот пласман. Возачите на Мерцедес, Хамилтон и Ботас освоија два односно еден поен од денешната спринт трка.

Трката за големата награда на Велика Британија која ќе се вози на Силверстоун е закажана за утре со почеток во 16 часот.

Се вчитува...