Ферстапен: Повторно Мерцедес ме исфрла…, во последно време има многу сомнителни работи

Макс Ферстапен повторно не успеа да ја заврши трката на вистински начин. Возачот на Ред Бул беше дел од каронболот кој го предизвика Валтери Ботас во првиот круг од ГН на Унгарија па и покрај тоа што овој пат успеа да се врати на стазата, трката до крајот ја возеше со „половина болид“.

По трката Холанѓанецот го изрази незадоволството од одвивањето на настаните на стазата…

„Повторно ме исфрли Мерцедес… Тоа дефинитивно не е нешто што сакавм. Ја загубив целата старна на болидот, а и дното беше оштетено. Беше невозможно да возиш, но дадов се од себе и успеав да освојам бод. Подобро бод отколку ништо. Во последно време се случуваат многу сомнителни работи кои не чинат бодови. Но, во секој случај не се предаваме. Противниците се брзи, но ќе се фокусираме и ќе продолжиме да напаѓаме“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...