Ферстапен: Сена и Прост се минато, јас гледам на сегашноста

Пет трки не делат од крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот, а Макс Ферстапен има предност од дванаесет бода пред Луис Хамилтон. Борбата на Британецот и Холанѓанецот која ја отслика сезоната продолжува и во Мексико, но сега притисокот е на страна на младиот возач.

На оваа тема говореше и самиот Ферстапен кој вели дека и покрај тоа што прв пат е во трка за титула во Ф1, и претходно се натпреварувал за титули па знае да се соочи со него.

„Го обожавам тоа што го правам и тоа го симнува притисокот од мене. Прв пат во трка за шампионатот во Форума 1, но се борев за титули и порано. Како што велев и порано многу е значаен болидот и кога тој е подготвен ќе победам, а кога не е не нема да стигнам до победа. Мојот пристап е секогаш ист, сакам да освојам што повеќе бодови. Нормално дека ќе се тркам ‘силно’, како што прави и Луси и секако ќе се тркам чисто“, изјави возачот на Ред Бул.

Пред Голената награда на Мексико за медиумите говореше и Тото Волф кој ја спореди борбата на Ферстапен и Хамилтон на оваа на Сена и Прост. Но, за Холанѓанецот тие битки се минато, а тој гледа на сегашноста.

„Не размислувам за историски битки помеѓу возачи, тоа што тие го правеле е минато. Фокусиран сум на тоа што го правам на стазата и тоа го правам најдобро што можам. Така се освојува титула, така да до крајот морам да освојам што повеќе бодови и да пробам да го победам ривалот“, додаде Ферстапен.

Се вчитува...