Макс Фестапен стигна до својата прва титула во Форума 1 шампионатот откако во драматичен финиш триумфираше на Големата награда на Абу Даби пред Луис Хамилтон. Холанѓанецот со тоа постана 11 возач во историјата кој успеал да стигне до титула, а неговата екипа да не стигнала до насловот во конкуренцијата на конструктори.
Пред Ред Бул заврши Мерцедес, а интересно е тоа што последен пат тоа се има случено во 2008 година кога титулата му припадна на Луис Хамилтон, а Ферари заврши како прв во конкуренцијата на конструктори.
Ваков случај за прв пат е забележан во 1958 година коа Хауторн од Ферари стигна до шампионската титула, а насловот за најдобра екипа го доби Ванвол. Подоцна истото се случува и во 1973, 1976, 1981, 1982, 1983, 1986, 1994 и 1999.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА