Ферстапен за Хамилтон: Постои почит, но далеку сме од добар однос

Неизвесноста се врати во најбрзото натпреварување во светот, а со тоа и жестоките дуели каде во преден план се Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Битката помеѓу Холанѓанецот и Британецот на трката во Силверстон заврши со инцидент по кој возачот на Ред Бул се заби во заштитната ограда, а Хамилтон стигна до 25 бода.

На темата ривалство сега говореше Макс Ферсапен кој изјави дека помеѓу него и Хамилтон постои почит, но нe и другарство.

„Постои почит, но далеку од тоа дека постои некој добар однос. Живееме различни животи и практично не се гледаме освен на трките. Не сакам да играм никакви психолошки игри со него. Само се обидувам да бидам фокусиран на патеката и не ми е важно ништо друго. Верувам дека до самиот крај ќе биде неизвесна борба“, изјави лидерот на табелата.

Се вчитува...