Ферстапен за новите правила на ФИА: Ако тоа се случи, тука е крајот!

ФИА одлучи да воведе построги казни за пцовки и навредливи коментари, а Макс Ферстапен не е задоволен од овие правила. Новите правила на ФИА предвидуваат казна од 40.000 евра за употреба на пцовки, додека повторените прекршувања може да резултираат со забрана за трки и одземање на поени.

Возач кој ќе го прекрши правилото три пати во две години би добил и суспензија од две трки, што може да има сериозни последици во трката за титулата. Ферстапен искажа пцовка за време на прес-конференцијаа во Сингапур.

Иронично, сето тоа се случи истиот ден кога претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, го изрази своето незадоволство поради пцуењето на јавните настапи на возачите.

„Искрено, мислам дека ова не е неопходно. Треба да користиме здрав разум и да се фокусираме на безбедноста и перформансите на болидот, а не на вакви работи. Ако добиете забрана за две трки, тоа значи крај на шампионатот. Мислам дека е премногу“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...