Ферстапен заврши во болница по инцидентот со Хамилтон на Силверстоун

Макс Ферстапен е во болница каде ќе му се направат дополнителни прегледи по инцидентот кој го имаше со Луис Хамилтон на стартот на Големата награда на Велика Британија која се возеше на Силверстоун.

По контактот кој го имаа двајцата ривали за титулата, подебелиот крај го извлече младиот Холанѓанец, а на најдобар можен начин целата ситуација ја искористи Британецот кој стигна до триумф и намалување на предноста во генералниот пласман на само седум бода.

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека Ферстапен „озбилно изгубил воздух“ и дека најдобрата вест од целата ситуација е дека сите возачи се живи и здрави.

Се вчитува...