Фешта во Истанбул, слета Леао: Со Осимен ќе направиме големи работи за Галатасарај

Илјадници фанови на Гаатасарајј го преплавија денеска просторот пред аеродромот во Истанбул, за да го поздрават најновото суперзасилување за својот тим, Рафаел Леао.

Португалскиот офанзивец го избра Галата за следна дестинација во кариерата пред Астон Вила, а со Галатасарај ќе потпише договор на четири години.

„Пресреќен сум што сум овде и едвај чекам да почнам. Верувам дека јас и Осимен заедно ќе направиме големи работи за Галатасарај“, истакна Леао, предизвикувајќи еуфорија меѓу  насобраните навивачи на турскиот шампион.

Се вчитува...