Фешта во Милано – Интер го слави скудетото (видео)

Интер цели 11 години чекаше на нова шампионска титула, па разбирлива е радоста кај приврзаниците на „нероаѕурите“ откако нивниот клуб денеска и официјално беше крунисан во нов првак на Италија.

Скудетото најеуфорично се прославува во центарот на Милано, пред катедралата Дуомо, каде илјадници навивачи на Интер се собраа за да го прослават големиот успех, и прекинот на доминацијата на големиот ривал Јувентус кој во претходните девет години редовно стигнуваше до титулата во Италија.

Се вчитува...