Фешта во Неапол: Херојски дочек за Сари и за фудбалерите (видео)

Наполи стигна до посакуваната победа (0-1) среде Торино над Јувентус и се врати во игра во трката за „скудетото“. Во ситуација кога пред Јуве се дуели против Интер и Рома, јасно е зошто кај „наполитанците“ оптимизмот е огромен и покрај негативата од еден бод.

Цел град е на нозе, сите веруваат во освојување на трофејот, а по синоќешната победа над 20.000 фанови се собраа пред аеродромот „Каподикино“ за да ги поздрават своите херои – тренерот Сари и фудбалерите на Наполи.

Се вчитува...